Вимблдон во 2021 ќе се одржи „по секоја цена“

Вимблдон ќе биде одржан во 2021 без разлика дали ќе мора да биде без публика. Организаторот кој годинава донесе одлука Вимблдон првппат по Втората светска војна да не се одржи сега разработува неколку сценарија за одржување на турнирот. Првенствено, идејата е турнирот да биде со фул капацитет на гледачи.

Но, со оглед на развојот на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот таквото сценарио изгледа невозможно. Затоа организторите имаат и повеќе други планови, да биде користен половина или дел од капацитетот на објктитее, но дури и да се одржи без гледачи. Отсуството на публика годинава беше еден од аргументите за откажување на турнирот, а Вимблдон имаше осигурителна полиса токму за заштита од пандемија, па затоа и откажувањето не беше голем финасиски удар за организаторот.

Но, за следната година вакво осигурување нема да има и Вимблдон ќе биде во незавидна позиција од финансиски аспект. За разлика од Вимблдон, УС Опен и Ролан Гарос се одржаа, а в Париз имаше максимум 1000 лица на трибините.

Се вчитува...