Вимблдон започнува на 28. јуни, турнирите на трева ќе бидат скратени

Одложувањето на Ролан Гарос нема да влијае на одржувањето на Вимблдон, кое е предвидено да започне на 28. јуни. Сепак, сигурно е дека некои турнири на трева ќе мора да бидат откажани.

Денес и официјално беше објавено дека Ролан Гарос ќе биде одложен за седум дена, и дека турнирот ќе се одржи од 30. мај до 13. јуни. Ова значи дека паузата помеѓу Францускиот опен и Вимблдон е намалена на две недели.

„Оваа одлука, со оглед на околностите, беше целосно поддржана од Австралија опен, Вимблдон и УС Опен. Сите четири гранд слема ја разбираат важноста за организирање на турнирте, со цел да им се даде можност на играчите да се подготват и да играат на одредена подлога. Од таа причина, Гранд слем турнирите, заедно со АТП и ВТА, ги поддржаа промените во календарот кога јазот меѓу Ролан Гарос и Вимблдон беше зголемен на три недели. Сепак, со цел да се избегне влијанието врз остатокот од календарот, сезоната на турнири на трева годинава ќе се намали за една недела. Вимблдон, како што беше планирано, ќе започне на 28 јуни. Квалификациите ќе се одржат од 21 јуни“, се наведува во соопштението на веб-страницата на Вимблдон.

АТП и ВТА претходно објавија дека ќе има измени во календарот, а јавноста за тоа ќе биде информирана подоцна.

 

Се вчитува...