Реал Мадрид синоќа славеше тесна победа од 0-1 против Гетафе на „Колисеум Алфонсо Перез“ и се врати на врвот на Ла Лига со 24 бода од девет натпревари. Иако натпреварот беше напнат и без многу шанси, клучниот момент се случи во 80. минута кога Килијан Мбапе ја искористи асистенцијата на Арда Гулер за да го постигне својот десетти гол во последните девет натпревари во лигата и да му донесе на својот тим три бода.
Натпреварот беше обележан и со контроверзен момент во 77. минута кога Алан Најом, поранешен играч на Ватфорд и Вест Бромвич Албион, доби директен црвен картон само 37 секунди по влегувањето во игра.
Инцидентот предизвика жестоки реакции од тренерот на Гетафе, Хозе Бордалас, кој го обвини Винисиус Жуниор дека го лажирал контактот и го предизвикал црвениот картон. После тоа, Гетафе остана со девет играчи на теренот, бидејќи Алекс Санкрис доби втор жолт картон во 84. минута.
Па, некако, повторно тој проблематичен Винисиус е во центарот на вниманието. Најжестокиот судир беше помеѓу Иглесијас и Винисиус, кој се случи откако Санкрис беше исклучен.
„Затоа сите те мразат“, му рече играчот на Гетафе на Вини.
„Постојат работи што остануваат на теренот, но тоа не смее да се дозволи. Кога нема почит, еве што се случува“, рече Иглесијас на крајот од натпреварот, осврнувајќи се на Винисиус, познат по својот провокативен став, кој не само што се соочи со Иглесијас, туку и се расправаше со тренерот на Хетафе.
Инцидентот се случи откако играчот кој штотуку влезе на теренот, Алан Најом, беше исклучен. Веднаш по исклучувањето Вини се доближи до тренерот на Гетафе провоцирајќи го со ироничните зборови дека е многу добар во замените. Што го налути Бордалес многу.
„Винисиус дојде кај мене да ми каже дека тоа била многу добра замена. Нема што да се објаснува, тоа ми го кажа, му реков да се фокусира на играта“, рече Бордалес, кој исто така ја оспори одлуката на судијата.
„Го слушнав четвртиот судија како му кажува дека е црвен картон. Беше сериозен фаул, но со жолт картон ќе беше решен без никакви проблеми. Винисиус претерува, издраматизира а Најом беше неправедно исклучен“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

