Шокатна и тотално неочекувана вест доаѓа од Мадрид, откако Тони Крос објави дека по крајот на сезоната заминува во пензија. Последните свои натпревари во кариерата ќе ги одигра на Европското првенство во неговата Германија.
Сето ова наиде на неверување и меѓу неговите соиграчи. Меѓу првите се огласи Винисиус Жуниор.
„Гениј, тоа зборот кој е најблизок за човек да може да те опише. Сепак и тоа е далеку од она што навистина го заслужуваш. Денеска е тажен ден за мене и навивачите на Реал, меѓутоа и за фудбалот генерално. Можеше да дадеш и повеќе, меѓутоа те разбирам. Ти благодарам за секое додавање, секој совет и што ми овозможи да учам од тебе низ годините. Ти си една прекрасна личност“ – вели во својата порака Винисиус.
Последниот натпревар пред навивачите на Реал Мадрид Крос ќе го одигра викендов против Бетис, додека за последен пат дресот на „кралевите“ ќе го облече во финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд на 1. јуни на „Вембли“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА