Винициус се враќа во тимот на Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор тренираше со тимот и ќе биде подготвен за натпреварот од седмото коло во Ла Лига против Лас Палмас, пренесуваат шпанските медиуми.

Винисиус поради повреда го пропушти и градското дерби со Атлетико кое  Реал го загуби со 3-1. Шпанските медиуми пренесуваат дека бразилскиот фудбалер целосно се опоравил од повредата на мускулот што ја заработи на натпреварот против Селта на крајот на август.

Мадридскиот клуб е трет на табелата во шпанското првенство со 15 бодови, додека Лас Палмас е 15-ти со пет.

Се вчитува...