ВИП реди победи во Бизнис-лигата

Три интересни натпревари беа денеска на програмата во Бизнис-лигата…

Вип ја продолжи победничката серија

Вип 9-3(5-1) Бетон

Вип: Иле Никодиновски 3’ 6’ 12’ 15’ 16’ Мартин Тодоровски 28’ Ненад Богдановиќ 32’ Сашо Србаков 37’ 40’
Бетон: Иван Николовски 20’ 38’ Никола Стојановски 22’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Вип и Бетон помина во знакот на екипата на Вип предводена од расположениот Никодиновски кој успеа да постигне пет погодоци до крајот на полувремето. Бетон се обидуваше да најде противигра за денес расположениот Вип, но сепак во ова прво полувреме екипата на Бетон успеа само да постигне еден гол и да го намали високото водство. Во второто полувреме  Бетон се обидуваше преку контра напади да го намали високото водство на Вип, но денеска имаше слаба реализација. Екипата на Вип во ова второ полувреме одработи доста рутинирано и успеа да го задржи високото водство стекнато во првата фаза од натпреварот. На крајот од натпреварот резултатот беше 9-3.

Аџибадем Систина во финишот поуспешна од ЈСП

ЈСП 4-6(1-3) Аџибадем Систина

ЈСП: Далибор Миленковски 4’ Љупчо Павловиќ 19’ 29’ Марјан Србиновски 23’
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 4’ 13’ 25’ Александар Јаневски 6’39’ Никола Трајковски 32’

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу ЈСП и Аџибадем Систина видовме брз и динамичен фудбал, со воиграни акции одлични удари и атрактивни потези. Уште во раната фаза од натпреварот 4та минута екипата на ЈСП успеа да го отвори резултатот, но на овој брз погодок екипата на Систина имаше одговор и веќе во 6. минута успеа да направи целосен пресврт. До крајот на полувремето се редеа шанси на двете страни и во таквата бркотница на теренот поснаодлива беше екипата на Систина која го доби полувремето со резултат од 2-3. Во второто полувреме на самиот старт ЈСП успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување. Во остатокот од полувремето се играше изедначен фудбал и двете екипи притиснаа кон противничките голови и се чекаше на грешка во одбраната за реализација. Во финишот од натпреварот поуспешна се покажа екипата на Систина која го доби овој наптпревар со 4-6.

Макпетрол сигурен во дуелот со ЕВН

Макпетрол 7-5(4-1) ЕВН

Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 4’ 10’ 21’ 29’ Александар Мишоски 6’ 7’ Чедомир Сарџовски 31’
ЕВН: Наум Бадаловски 12’ 38’ 39’ Томи Илиевски 28’ Ѓорѓи Поповски 35’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Макпетрол и ЕВН помина во висок ритам на игра со многу шанси и одлични погодоци. Во ова прво полувреме екипата на Макпетрол ја имаше контролата врз резултатот и играта, веќе во 10. минута имаа предност од 4-0. По ова високо водство екипата на ЕВН направи неколку промени во тимот што веднаш резултираше со погодок во 12та минута и намалување на водството. Сепак до крајот на полувремето ЕВН не успеа во намерата да го намали високото водство па на полувремето се замина со резултат од 4-1. На стартот на второто полувреме екипата на ЕВН започна со силен притисок кон голот на Макпетрол и фрлајќи се на една карта со цел да дојде до израмнување. Оваа отворена игра ја искористија играчите на Макпетрол, кои го исконтролираа резултатот до самиот крај и заслужено славеа со 7-5.

Се вчитува...