Виран Морос се пресели во Бундес-лигата

Виран Морос и на 37-годишна возраст важи за еден од најдобрите дефанзивци во европскиот ракомет, па затоа изненадувачки делуваше одлуката на ПСЖ да не му понуди нов договор и како слободен играч да си замине од редовите на францускиот првак.

Очекувано, шпанскиот ветеран веднаш најде нов ангажман, негов клуб за наредната сезона ќе биде бундеслигашот Фуксе Берлин. Договорот е потпишан на една сезона, со можност за продолжување на уште една дополнителна година.

„Многу сум среќен што ќе играм за Фуксе Берлин, им благодарам на Боб Ханинг и на Штефан Кречмар за довербата во мене и за укажаната шанса. Со нетрпение чекам да почнам со тренинзи и натпревари со новиот клуб“, изјави Морос, кој најпрвин ќе настапи за Шпанија на ОИ во Токио, пред да се приклучи на тимот на Фуксе Берлин.

Се вчитува...