Флоријан Вирц не е единствениот фудбалер кој ќе го засили Ливерпул во овој преоден рок, и тоа за преку 100 милиони евра. Германецот е веќе договорен, и се очекува само неговата официјална промоција.
После него, Ливерпул тргнува по услугите на Александар Исак од Њукасл. За таа цел „црвените“ ќе издвојат околу 117 милиони евра.
Швеѓанецот е подготвен да го напушти Њукасл, и да направи нов, голем чекор во кариерата.
Ливерпул ова лето ќе биде еден од најголемите „потрошувачи“, откако го „преспа“ минатото лето. Освен овие двајца, на „Енфилд“ доаѓаат и Џереми Фримпонг и Милош Керкез, и тоа за дополнителни 80 милиони евра, со што парите кои ќе ги потроши англискиот првак ќе бидат околу 300 милиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА