Висар Муслиу потпиша двегодишен договор со Шкендија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу и официјално е нов член на Шкендија, откако потпиша двегодишен договор со актуелниот шампион. Тој во изминатите шест месеци настапуваше како позајмен играч од косовскиот тим Приштина, а претходно изненадувачки си замина од Вардар.

Муслиу настапи на 15 натпревари за тимот на Шкендија во пролетниот дел од сезоната, и постигна два гола во првенството. Иако приоритет му се дефанзивните задачи, тој беше стрелец и на три гола во Купот на Македонија, од кои два во финалниот дуел против Пелистер.

Се вчитува...