„Висат“ новите договори на тројца фудбалери на Реал Мадрид

Реал Мадрид ја продолжи соработката со дел од фудбалерите чии договори истакуваат на крајот на сезоната, но меѓу нив не се Марко Асенсио, Дани Себаљос и Начи Фернандез чија иднина на „Сантијаго Бернабеу“ останува неизвесна.

Карло Анчелоти сака да ги задржи тројцата и следната сезона, но постои проблем во преговорите со тоа што двајца од нив бараат гаранција за минутажа. Тоа се Себаљос и Ферандез кои не сакаат да бидат само дел од Реал Мадрид, туку и аткивно да му помагаат на тимот на теренот.

Асенсио пак нема проблем да биде на работ на првиот тим и со него преговорите се веќе во завршна фаза. Единственото барање на Шпанецот е поголема плата која Реал Мадрид е подготвен да ја плати.

Се вчитува...