Виси ли пресметката на Вардар со Пик Сегед: Нов заболен од COVID-19 кај унгарскиот тим

Пик Сегед има уште еден новозаразен со короанвирусот, седми играч во тимот. Клубот информира дека по направените тестови по гостувањето кај Киелце, се појавил уште еден позитивен случај. Унгарците ги информирале и ЕФХ и Киелце и Вардар. Тимот е во изолација. Во следните денови ќе има информација за тоа како ќе се одвива ситуацијата околу натпреварот од третото коло во групната фаза со Вардар кој е закажан за в четврток.

Ако евентуално не се одигра овој дуел, за Вардар ќе биде втора седмица по ред како е без натпревари со оглед дека беше одложена и средбата со Елверум по барање на норвешкиот тим, а со одлука на ЕХФ.

Се вчитува...