Висла го пушта Фазлагиќ на позајмица

Енис Фазлагиќ може да ја мине следната сезона како позајмен во друг клуб. Ова го потврди тренерот Јержи Брзечек, по испаѓањето на клубот од Првата лига во Полска.

Фазлагиќ зимоска од Жилина се пресели во Висла, и потпиша до 2026 година. Меѓутоа откако клубот испадна, ограничен е бројот на играчи надвор од ЕУ, затоа тимот од Краков ќе мора да го испрати на позајмица, се додека не се врати во „елитата“.

Фазлагиќ во меѓувреме стана и А репрезентативец, а своето деби го имаше против Гибралтар во Скопје.

Се вчитува...