Висла повторно не успеа: Кјелце останува на тронот на полскиот ракомет

Ракометарите на Кјелце стигнаа до нова 11. титула во низа во полскиот шампионат откако и годинава го совладаа директниот ривал Висла Плоцк.

Висла имаше предност пред денешниот меч откако во првиот натпревар сезонава на домашен терен славеше со 29-27.

Кјелце во поголемиот дел од натпреварот имаше предност од четири гола, но со одлична Висла во последните три минути влезе со негатива од само еден 24-23. Во финишот сепак посконцетрирани беа домаќините и на крајот стигнаа до конечен триумф од 27-24.

Кјелце се пласираше и на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите каде ќе се обиде да стигне до вториот трофеј во елитното натпреварување.

Се вчитува...