Висок е 218 сантиметри, а дрибла и шутира тројки како бек… (ВИДЕО)

НБА тимовите почнаа со подготовките за продолжението на сезоната во Орландо кое ќе се случи на 30. јули. Едно од најголемите изненадувања во овој дел од сезоната е 218 сантиметри високиот центар на Денвер Нагетс, Бол Бол кој конечно доби шанса во НБА. Бол беше драфтуван од Нагетс минатата година, но пред прекинот не доби голема шанса во тимот.

Сепак, Мајк Мелоун во подготвителниот период се одлучи да му даде шанса, а синот на НБА легендата ја прифати на најдобар можен начин. Покрај тоа што собира скокови и блокади, тој има и одлична техника за неговата висина. Дрибла солидно, знае да додаде, а може да погоди и шут за три поени.

 

 

View this post on Instagram

 

Bol Bol hitting 3’s and getting blocks. ??

A post shared by House of Highlights (@houseofhighlights) on

Се вчитува...