Вистинска драма на „Меаца“…, Интер двапати се извлекуваше, за триумф против Фиорентина (ВИДЕО)

Во извонреден натпревар на „Џузепе Меаца“, Интер дојде до победа од 4-3 против Фиорентина во 2. коло од Серија А.

Фиорентина одлично го почна мечот доаѓајќи до брзо водство со голот на Коуаме уште во 3. минута.

Но, потоа следеше првиот пресврт. Лаутаро Мартинез израмни во последните секунди од првото полувреме, а потоа следеше вистинската драма во второто полувреме.

Најпрво, „нераѕурите“ поведоа со 2-1 со голот на Чечерини, но Кастровили и Киеза донесоа со пресврт предност од 2-3 за „виолетовите“.

Кога се чинеше дека Фиорентина ќе ја однесе победата, во самиот финиш Лукаку во 87. минута најпрво израмни на 3-3, а Д’Амброзио во 89. минута ги постави конечните 4-3.

 


Се вчитува...