ВИСТИНСКО ДЕРБИ ВО „ЈАНЕ САНДАНСКИ“: Вардар со моќно второ полувреме го реши Алкалоид (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вистински дерби-празник на македонскиот ракомет во „Јане Сандански“ во 11. коло од Суперлигата. Вардар ја продолжи доминацијата во шампионатот со 11-та едноподруго победа триумфирајќи со 34-28 против Алкалоид.

По максимално израмнетото прво полувреме во кое се играше главно гол за гол, победникот на мечот го одлучи одличното второ полувреме на „вардарци“ кои доминираа, со цврста одбрана, во вторите 30 минути.

Првиот дел заврши без предност за било која екипа, 17-17, но потоа избраниците на Иван Чупиќ одлично го отворија второто полувреме создавајќи предност која ја одржуваа и зголемуваа во продолжението за конечна победа од шест гола разлика (34-28).

Одличен во таборот на Вардар беше голманот Васил Гогов со вкупно 11 одбрани, од кои осум во второто полувреме кога се одлучуваше победникот. Најефикасен во победничкиот тим беше Хориха со 9 гола, а со пет погодоци завршија Боно и Малус. Кај Алкалоид се издвои репрезентативецот Серафимов со 9 гола, а по четири погодоци запишаа Стојковиќ и Ненад Костески.

Вардар сега на врвот е со 11 победи од исто толку натпревари, а Алкалоид остана на третата позиција на табелата запишувајќи го првиот пораз сезонава. Покрај тоа Алкалоид има 8 победи и две ремија.

ТАБЕЛА – СУПЕРЛИГА

 

Се вчитува...