Карлос Алкараз ја освои својата втора грен-слен титула откако во финалето на Вимблдон славеше против Новак Ѓоковиќ во одличен натпревар. По крајот на натпреварот следеа емотивни сцени откако Србинот заплака пред својот син, но тоа што имрепесираше и го освои срцето на сите љубители на тенисот следеше во тунелот кон соблекувалните.
Таму семејството Ѓоковиќ го пречека младиот Шпанец и му честиташе за големиот успех. Прв на сцената „настапи“ малиот Стефан, а потоа и сопругата Јелена, потег кој е потполно во спортскиот дух и вистински вредности на воспитување што наиде на големо воодушевување и кај Алкараз.
Djokovic’s wife, som and his agents congratulating Carlos after the final. That was very cute. pic.twitter.com/wVlge9w9VA
— Raiyan (@NovakDjokerFans) July 16, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА