Витингтон си замина од Бетис, следна дестинација – Јапонија?

Шејн Витингтон ќе ги менува клупските бои во текот на летово откако од страна на раководството на Бетис му беше соопштено дека во следната сезона нема да се смета на неговите услуги. Американецот со македонски пасош одигра 23 средби во АЦБ-лигата и имаше солиден просек од 8,4 поени и 4,5 скокови за 19 минути по натпревар, но клубот со Севилја сепак реши да не ја продолжи соработката со него.

Воедно, Бетис во клупското соопштение за разделбата најави дека крилниот центар својата кариера ќе ја продолжи во далечната Јапонија.

Сакаме да му се заблагодариме на Шејн за работата и посветеноста за остварување на клупските цели. Воедно, му посакуваме многу среќа во натамошниот дел од кариерата, што ќе се одвива во Јапонија“, соопштија од раководството на Бетис.

Преселбата во Јапонија ќе значи и дефинитивен крај на настапите на Витингтон за македонската репрезентација во продолжението од квалификациите за Евробаскет 2021. Крилниот центар беше дел од националниот тим при поразите од Естонија и од Русија, но не е тајна дека селекторот Тодоров бара нов странец што би бил значаен адут во продолжението од овој квалификациски циклус.

Се вчитува...