Витоло е новата желба на Антонио Конте

Шпанскиот репрезентативец Витоло е најновата желба на менаџерот на англискиот првак Челси, Антонио Конте, за засилување на навалната линија во својот тим. Крилниот играч на Севилја беше на радарот на Атлетико Мадрид, но овој шпански клуб има забрана за доведување на нови фудбалери во летниот преоден рок, а тоа сака умешно да го искористи италијанскиот стратег.

Тој би сакал да го доведе Витоло на „Стемфорд бриџ“ и подготвен е да плати сума од 35 милиони евра. Покрај тоа, на фудбалерот му нуди речиси двојно поголема годишна плата од сегашната во тимот на Севилја.

Се вчитува...