Витсел: Најтешката одлука во мојата кариера, тоа е за доброто на моето семејство…

Довчерашниот фудбалер на Зенит, Аксел Витсел одлучи својата кариера да ја продолжи во Кина, иако трансферот во Јувентус беше речиси договорен.  Белгискиот фудбалер истакна дека ја донел најтешката одлука во неговата кариера, но приоритет било неговото семејство…

„Ја донесов најтешката одлука во мојот живот. Јувентус е одличен тим, еден од најдобрите во Европа. Но, од друга страна имав понуда, која со моето семејство не можевме да ја одбиеме. Раководството на италијанскиот тим се однесуваше одлично цело време и јас само можам да им бидам благодарен. Се надевам дека Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите и не се знае, можеби нашите патишта повторно ќе се сретнат“ – истакна Витсел.

Витсел ќе го носи дресот на Тианџин, каде стратег е некогашниот дефанзивец на Јувентус, Фабио Канаваро. Фудбалерот потпиша четиригодишен договор со годишна плата од 18 милиони евра.

Се вчитува...