Вклучете се во изборот за Маж на годината за 2018 година: Енис Барди меѓу кандидатите по избор на јавноста!

За прв пат оваа година се одржува официјалниот избор за Мажи на годината 2108 во организација на Friday.mk и Моментум. Настанот ќе се одржи во Тренд Гастро бар на 28. ноември со почеток во 20 часот.

Како што веќе сите знаете, има 10 категории за мажи на годината. Но, една од најважните е токму онаа која е во избор на публиката на социјалните медиуми. Во изминатите денови сите вие дававте ваши предлози, а ние решивме да ги споделиме со целата публика и заедно да гласаме.

На листата предлози за избор на Маж на годината за 2018 година е и македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди кој со игрите за шпански Леванте но и во националниот дрес го привлече вниманието на европската фудбалска јавност.

Кој според вас заслужува да биде Маж на годината за 2018 година?

Гласајте за предлозите кои ги добивме од вас на нашата официјална Фејсбук страница. Гласањето трае до 23.11.2018 до 22:00 чсаот. Победник ќе биде оној кој освоил најмногу гласови од вас, публиката.

Се вчитува...