Вкупно 18 медали за македонските таеквондисти од Балканското првенство во Романија

Македонската репрезентација во таеквондо, под водство на претседателот на федерацијата и селектор др. Борче Костовски постигна огромен успех на Балканско првенство кое се одржа викендов.

Македонија освои вкупно 18 медали, од кои 4 златни, 5 сребрени и 9 бронзени. Притоа освоени се три златни медали во сениорска конкуренција.

Златен медал освои Дејан Георгиевски, во три борби извојувајќи три победи со нокаут, притоа по третпат стигнувајќи до титулата балкански шампион. Злато освои и  Марко Стевиќ со три победи, по вторпат стигнувајќи до балканската титула, а златен медал освои и Коки Георгиевски со две победи.

Во сениорска конкуренција сребро освоија Филип Додевски, Анамарија Георгиевска, Елена Трајановска и Јована Костенцовска.

Во пионерска конкуренција злато освои Филип Блажевски а сребрен кадетски медал донесе Фросина Раевска. Бронзен јуниорски медал освои Василија Јовчевски, а во сениорска конкуренција со бронза се закити Ивона Давиткова. Бронзени медали во јуниорска конкуренција за Милијана Релиќ и Викторија Радомировска, а во кадетска конкуренција за Јана Георгиева.

Бронзи освоија и Александар Ангеловски, Јана Георгиева, Стефан Јовановски, Ања Пеиќ и Александра Крстиќ.

Како што информираат од Таеквондо федерацијата на Македонија ова е досега убедливо најуспешното балканско првенство за македонското таеквондо, што е показател за брзиот раст на овој олимписки спорт во нашава земја.

Се вчитува...