Владан Кастратовиќ е нов играч на ГРК Охрид

Црногорскиот интернационалец Владан Кастратовиќ е ново засилување за ГРК Охрид. Црногорецот кој игра на позиција среден бек потпиша договор со тимот од Охрид во траење од две години.

Кастратович доаѓа по одличната сезона во РК Струга, а пред тоа беше дел и од тимот на Комови од Црна Гора со кој  го има најголемиот успех освојувајќи го националниот куп во 2019 година.

„Драго ми е што наредната сезона ќе бидам дел од овој клуб, клуб кој е подготвен со многу работа да направи големи успеси. Се надевам дека целта ќе ја оствариме со излез во Европа. Ви благодарам на довербата и верувам дека заедно со сите играчи и управата ќе славиме многу победи, изјави Кастратовиќ.

Се вчитува...