Владата ја потврди наградата за РК Вардар, еден милион денари и за Алили

На денешната своја седница Владата на С. Македонија денеска донесе одлука да му додели 30 милиони денари на РК Вардар по големиот успех и освоената титула во ракометната Лига на шампиони.

Од Владата само официјално ја потврдија со денешната одлука најавата од премиерот Зоран Заев за парична награда на ракометарите на европскиот шампион.

Финансиска награда во висина од еден милион денари од државата ќе добие и Бесир Алили за златниот медал на Европското првенство во борење во категорија кадетии, а 300.000 денари ќе добие и неговиот тренер. Претходно Алили доби награда од еден милион денари и од Агенцијата за млади и спорт.

Се вчитува...