Владата на Австралија призна: Ѓоковиќ доби виза од луѓе, не од компјутер

Новак Ѓоковиќ во јануари доживеа автсралиските власти најпрво да го примат, а потоа и да го депортираат од земјата. Судот во Австралија одлучи да ја укине визата која првобитно му беше одобрена на најдобриот тенисер во светот, а едно од „оправданијата“ беше дека компјутер одлучил тој да добие виза, а не лице задолжено за тоа.

Меѓутоа, новите информации од Австралија велат дека тоа не било така, туку дека „човечка рака“ ја одобрила визата на Ѓоковиќ. Тоа значи дека постоела посебна комисија која ја одобрила визата на Србинот, а не компјутер, односно системот како што беше објавено претходно.

Сепак, сето ова нема ништо да промени за Ѓоковиќ, бидејќи тој не настапи на првиот гранд-слем турнир во сезоната, а еден од неговите двајца најголеми ривали, Рафаел Надал стигна до 21. трофеј.

Се вчитува...