Владата препорачува, до 6. март спортските натпревари да бидат без публика

Сите јавни и големи собири да бидат одложени или откажани, а спортските настани да се одржуваат без присуство на публика до 6. март. Ова е препораката на Владата на Македонија донесена по денешната седница.

„Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6. март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации. Владата на Северна Македонија на денешната седница препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваат врз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести“ – стои во информацијата од Владата.

Викендов, Вардар го пречекува Монпелје во ракометната Лига на шампионите, се игра комплетното 21, коло во ПМФЛ со дербито Вардар – Работнички, а во кошаркарскиот шампионат треба да се сретната градските ривали, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Се вчитува...