Владимир Егоров европски шампион во борење

Владимир Егоров е Европски шампион во борење. Натурализираниот Македонец до златниот медал стигна откако во финалето во категоријата до 57 килограми славеше над Азербејџанецот, Алијабабас Рзазаде со 10-0.

Претходно, тој издвојува две победи вчера. Против Никлас Штехеле од Германија во четвртфиналето беше подобар со 5-4, а во полуфиналето исто така со 10-0 против Манвел Хнџрстјан.

 

Се вчитува...