Владимир Вајс голем оптимист пред утрешниот дуел: Македонија има добар тим, но одиме на три бода!

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Селекторот на Грузија, Словакот Владимир Вајс е максимално оптимистички расположен пред утрешниот втор натпревар од Лигата Ц во Лигата на нации со Македонија.

Грузија, како и Македонија, со победа ја стартуваше новата сезона од Лигата на нации, а сега посакува нови три бода.

„Македонија навистина има добар тим, составен од одлични индивидуалци. Доаѓаат тука по победа, но и наша единствена цел се трите бода. Одигравме добар натпревар против Естонија и тоа треба да ни биде водач и против Македонците. Ни недостасуваат неколку првотимци, посебно оние кои играат во САД, но што е тука е. Играме и во еден тежок период кој носи бреме за сите фудбалери но мора да издржиме. Нема жалење, веруваме дека можеме до победа против Македонија“ – истакна Вајс на денешната прес-конференција во Тбилиси.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија се игра утре со почеток од 18 часот на националната арена „Динамо“ во Тбилиси.

Се вчитува...