Владо Милев: Ако имаме самодоверба, резултатот ќе дојде

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Македонската репрезентација денеска се соочува со Белорусија во четвртото коло од прелиминарната фаза во групата Ц на одбојкарското првенство на кое групниот сегмент го играме во Љубљана. Белорусите се изморени, но и супермотивирани по синоќешниот триумф над Финска кој ги става во позиција да се борат за осминафинален пласман.

„Против Русија влеговме да се надигруваме да уживаме, со Белорусија сакаме да победиме и тоа е поголем психолошки притисок. Мора да ја задржиме концентрацијата и мотивацијата, да имаме самодоверба и резултатот ќе дојде“ – верува Владо Милев.

За македонскиот состав ова е четврти натпревар на првенството и четврти обид да дојде до прва победа. До крајот покрај со Белорусија треба да го одиграме и мечот со Словенија.

Се вчитува...