Владо Недановски: Фала на соиграчите што ми донесоа две титули, за кои јас немам никаков придонес

Македонскиот репрезентативец Владо Недановски е еден од оние „вардарци“ кои имаат две европски титули од изминативе три учество на Ф4 турнирот во Келн. Но, Недановски повеќе од искрен и онака вообичаено скромен, по пристигнувањето во Скопје вели дека единствено може да им заблагодари на соиграчите што му подариле две европски титули…

„Ова е навистина неверојатно, прекрасно чувство да се биде дел од еден ваков тим, од една ваква историја. Но, да бидам искрен јас може само да им заблагодарам на соиграчите што ми донесоа две европски титули а јас немам никаков придонес во тоа… Од срце се надевам и верувам дека Вардар ќе биде и во иднина уште долги години тука да ги радува македонските спортски вљубеници“ – истакна Недановски.

Се вчитува...