Влах предупредува: Ќе ни биде уште потешко со Македонија во Копер

Репрезентацијата на Словенија стигна до значаен триумф во Скопје над селекцијата на Македонија, а двата ривали ги очекува нов меѓусебен дуел веќе в недела, овојпат во арената во Копер каде домаќини ќе бидат Словенците.

Алекс Влах одигра фантастичен меч и беше најзаслужен за победата во Скопје, но „бомбардерот“ на Алборг ги предупреди своите соиграчи да не мислат дека лесно ќе ја завршат работата на неделниот дуел со Македонија.

„Не беше лесно на почетокот во Скопје, знаевме дека тие ќе бидат мотивирани и рано поведоа убедливо. Не паничевме, минута по минута ја намалувавме негативата и во второто полувреме заигравме како што знаеме и заслужено победивме. Точно е дека ни недостигаат бројни ракометари, но сакавме да одиграме на највисоко ниво и покрај сите проблеми, верувам дека успеавме во тоа. Мечот во Копер? Јас искрено мислам дека ќе ни биде уште потешко отколку на првата средба. Македонците имаа гласна поддршка, но тоа некогаш значи и проблем, преголем притисок со кој не се носеа најдобро. Сега ќе бидат опуштени, сигурно нема да дојдат со бело знаме и да се предадат. Затоа, ние ќе мораме да бидеме многу внимателни“, истакна Влах.

Се вчитува...