Влахо е избран за нов помошник во таборот на Шкупи

Александар Влахо е избран за нов помошник во таборот на Шкупи. Тој и Гоце Седлоски заеднички ќе ги продолжат подготовките за предизвиците на европската сезона и стартот на домашните предзвици.

Влахо доаѓа на оваа позиција откако Павел Неделковски си замина од стручниот штаб на чаирчани. Александар Влахо е човек кој веќе долги години соработуваше со Седлоски.

Двајцата беа во Вардар, Рига и Динамо Загреб 2. Потоа, Влахо имаше самостојна тренерска кариера во Работнички.

Се вчитува...