Душан Влаховиќ како слободен фудбалер го напушти Јувентус, српскиот голгетер трпеливо чекаше вистинска понуда и се чини дека конечно ја доби.
Турски Бешикташ тргна во моќна офанзива по топ-засилувањата летово, во завршна фаза се преговорите со Мохамед Салах, а „црно-белите“ од Истанбул следен на листата го имаат токму Влаховиќ. Понудата до Србинот е неверојатна, тој ќе има загарантирани 12 милиони евра плата во наредните пет сезони, воедно ќе добие и 10 милиони евра бонус за самиот потпис на договорот – вкупно 70 милиони евра.
Само за споредба, Јувентус му нудеше на српскиот голгетер шест милиони евра плата, плус четири милиони евра бонус за потпис за продолжување на соработката, па јасно е зошто Влаховиќ е многу блиску до преселба во Турција.
Неговиот татко, кој воедно му е и агент, отпатува за Истанбул каде се очекува во следните 24 часа да ги финишира деталите од овој супертрансфер, по што Влаховиќ ќе пристигне на лекарски прегледи и потпис со новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
