Италијанскиот новинар Николо Скира објави дека нема договор меѓу Душан Влаховиќ и Јувентус и дека српскиот напаѓач ќе ја напушти „старата дама“ како слободен агент.
Најновиот обид за продолжување на соработката меѓу српскиот напаѓач Душан Влаховиќ и Јувентус пропадна.
„Душан Влаховиќ ја отфрли понудата на Јувентус за продолжување на договорот. Напаѓачот ќе го напушти Јувентус како слободен агент“, напиша Скира, со што ја потврди својата објава од пред шест дена кога објави дека Влаховиќ ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната.
Пречката за постигнување договор се парите. Влаховиќ побара зголемување на платата за 30 проценти, што не му се допадна на Јувентус.
Очигледно, ниту една страна не беше подготвена да попушти, па затоа во иднина ќе го видиме Влаховиќ во друг клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
