Влаховиќ има „дил“ со Јувентус, на лето се сели во Торино за 6 милиони евра годишно

Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ најверојатно на лето ќе се пресели во Јувентус. Иако пред неколку дена се појави информација дека самата желба на Србинот била Премиер-лигата, сепак, според медиумите во Италија веќе има „дил“ од двете страни, и Влаховиќ на лето се сели во Торино.

21-годишниот играч како слободен ќе се пресели во Јуве, иако за него имаше интерес и од други клубови меѓу кои англиските гиганти. Јуве наводно сакал да го ангажира и во зима, но Фиорентина за него бара 80 милиони евра, и покрај тоа што договорот му истекува во јуни 2022 година.

„Бјанконерите“ наводно ќе потпишат со Влаховиќ петгодишен договор, со плата од 6 милиони евра годишно, плус бонуси.

Се вчитува...