Влаховиќ му донесе титула на Јуве во Копа Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус дојдоа до нов трофеј во Копа Италија откако вечерва во финалето кое се играше на „Олимпико“ во Рим славеше над Аталанта со 1-0.

Херој за „старата дама“ на овој меч беше српскиот интернационалец Душан Влаховиќ кој победничкиот погодок го постигна уште во 4. минута од мечот. Влаховиќ стрелаше уште еднаш, во 73. минута, но неговиот гол беше пониште по прегледување на ВАР поради офсајд.  До крајот тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри доби црвен картон во 95. минута.

За Јувентус ова е 15. титула во Копа Италија со која се рекордери во ова натпреварување. Aталанта се уште останува на еден трофеј кој го освои во 1963 година.

Atalanta 0 – [1] – Juventus – Dušan Vlahović 4′ [2024 Coppa Italia Final]
byu/CivillyWalk757 insoccer

Се вчитува...