Влаховиќ не сака да си оди од Торино: Ќе се потрудам да најдам место во музејот на Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ се чини стави крај на сите шпекулации околу негов иден трансфер. Србинот дојде во Торино од Фиорентина во 2022 година, и оваа сезона игра одличен фудбал.

Иако се шпекулираше дека може да биде продаден, сепак, тој кажа дека сака да остане во клубот, и да стане легенда на „бјанконерите“.

„Трансферот во Торино беше голема промена за мене. Од првиот ден тука се чувствувам како дома. За мене како и за секој фудбалер, фудбалот ми е се. Единствено што размислувам е фудбал. Тука посебно место ми е музејот. Можете да најдете дресови на играчи кои одиграле преку 300 натпревари. Горд сум што сум дел од овој клуб, и се надевам дека ќе го најдам своето место во музејот. Ќе се потрудам. Мојото најдраго место е собата со трофеи, постојат натпреварувања на кои сите сакаат да победат, а тие се  и мој сон“, изјави Влаховиќ.

Се вчитува...