Влаховиќ недоволен за победа на Јуве, Челси со два гола позитива ќе патува во Франција (ВИДЕО)

Италијанскиот Јувентус одигра реми 1-1 на гостувањето кај освојувачот од Лигата на Европа од минатата сезона Вилјареал во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ на најдобар можен начин ја почна кариерата во Лигата на шампионите откако по само 30 секунди успеа да донесе водство за „старата дама“ од 0-1. Сепак, овој погодок не беше доволен за победа на Јувентус, бидејќи Дани Парехо во 66. минута на асистенција на Капуе ги постави конечните 1-1.

Актуелниот европски шампион со предност ќе патува на реваншот во Франција, откако вечерва на „Стемфорд бриџ“ со рутински 2-0 славеше над Лил. Водство од 1-0 за „сините“ донесе Каи Хаверц уште во осмата минута од натпреварот, додека конечните 2-0 ги постави Кристијан Пулишиќ во 63. минута по асистенција на Н’Голо Канте.

Реваншите на натпреварите кои се одиграа вечерва во Лигата на шампионите се закажани за 16. март.

Се вчитува...