Влаховиќ одлучил: Сакам во Англија

Битката за потписот на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ продолжува. Се поизвесно е неговото заминување, и истото да се случи идното лето. Заинтересирани клубови има, и тоа Јувентус, Атлетико Мадрид, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул…

„Виолетовите“ знаат дека мали се шансите Влаховиќ да остане во Фиорентина, а според италијанските медиуми Србинот веќе одбрал кога ќе замине од Фиренца. Тоа ќе се случи следното лето. Исто така наводно Влаховиќ изразил желба да игра во Премиер-лигата, и токму од тука ќе прифати понуда од некој од англиските тимови.

Во голема мера ќе зависи од тоа кои тимови ќе играат во Лигата на шампионите идната сезона. Со оглед дека ја одби можноста да оди во Арсенал, ќе остане да бира меѓу Тотенхем и Ливерпул. Но, на Тотенхем оваа сезона не му „цветаат рози“, па така веројатно Валховиќ ќе почека уште малку, пред да ја одбере својата следна дестинација.

Се вчитува...