Душан Влаховиќ е на пат да го напушти Јувентус по неуспешните преговори со раководството на клубот околу продолжувањето на соработката. Српскиот репрезентативен напаѓач не се согласи со понудените услови, кои се многу поскромни од договорот што го имаше досега во „старата дама“ од Торино.
Јуве му понуди шест милиони евра по сезона, со бонуси, а Влаховиќ не се согласи на помалку од осум милиони, па сега разгледува други опции, како во Италија, така и во странство.
Неодамна се споменуваа шпанскиот Атлетико, па дури и Барселона, но ако Влаховиќ сака важна улога во тимот и да биде прв избор во нападот, тогаш е пореално да остане во еден од италијанските клубови, меѓу кои сега се споменува и Наполи поради Масимиијано Алегри, кој треба да го наследи Антонио Конте.
Но, во меѓувреме се појави уште поинтересна опција и денес пишува „Калчомеркато“.
Хитот на сезоната во Серија А и новиот учесник во Лигата на шампионите, тимот на Комо, бара нов напаѓач и веќе се испраќаат сигнали кон Влаховиќ. Она што Комо може да му го понуди следната сезона, за разлика од Јувентус, се настапи во Лигата на шампионите, на што секогаш е тешко да се одолее, а покрај тоа, Влаховиќ би имал можност да соработува со шпанскиот стручњак Цеск Фабрегас.
Платата повторно би можела да биде пречка, како во случајот со Јувентус, Комо тешко дека би можел да понуди повеќе, но ако Влаховиќ види предизвик во Лигата на шампионите и конечно „експлодира“ како голгетер таму, тогаш оваа опција не треба целосно да се отфрли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
