Влаховиќ „полуде“ откако Алегри го извади од игра (ВИДЕО)

Јувентус синоќа ремизираше (1-1) против Севилја во Торино во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на Европа, спасувајќи се од пораз со гол во 97. минута.

Факт е дека беше тоа уште еден тежок натпревар за српскиот центарфор Душан Влаховиќ на кого не му одеше реализацијата, па тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри се одлучи да го извади од игра уште во 61. минута внесувајќи го Аркадиуш Милик.

Србинот беше и тоа како нервозен по замената, што покажа со реакцијата кога седна на клупата. Влаховиќ сезонава во 39 натпревари за Јувентус има само 13 гола и четири асистенции, во сите натпреварувања.

Се вчитува...