Влаховиќ потпишува нов договор со Јувентус, но…

Раководството на Јувентус и агентот на Душан Влаховиќ во наредните денови ќе седнат на заедничка маса со цел да постигнат договор за продолжување на соработката помеѓу торинскиот клуб и Србинот на дополнителни две или три години, пренесуваат италијанските медиуми.

Влаховиќ има важечки договор со Јувентус до 2026 година, но со оглед на тоа дека има голема веројатност да го напушти клубот следното лето, клубот сака да му го зголеми договорот за подобра позиција во преговорите, а и воедно да му ја зголеми платата на Србинот која во моментот изнесува 7.5 милиони евра на годишно ниво.

Според италијанските медиуми менаџерот на Влаховиќ во договорот сака да вклучи и откупна клаузула за полесно да се договори негов трансфер, но тоа предизвикува проблем за Јувентус кој сака максимално да заработи од 80 милионското засилување.

Влаховиќ изминатото лето се поврзуваше со трансфер во неколку премиерлигаши меѓу кои и Челси и Манчестер Јунајтед, а беше и опција за Баерн Минхен.

Се вчитува...