Влатко Стојановски единствено ново име на списокот на Ангеловски за мечевите со Израел и со Летонија

Напаѓачот на француски Ним, Влатко Стојановски е единствено ново има на списокот на македонскиот селектор Игор Ангеловски за квалификациските натпревари против Израел и против Летонија на гостински терен кои не очекуваат на почетокот на септември.

На списокот на Ангеловски се 23 фудбалери, главно стандардните од претходните репрезентативни собири, со тоа што повторно во националниот тим се враќа и фудбалерот од срениот ред на Академија Пандев, Љупче Дориев.

Од оние репрезентативци кои претходно беа стандардно повикувани сега ги нема Стефан Ристовски поради повреда, и Ферхан Хасани кој е без клуб. Дарко Чурлинов, пак, сега ќе биде со репрезентацијата до 21 година.

Во офанзивата се шест фудбалери, покрај Влатко Стојановски, и Пандев, Несторовски, Тричковски, Трајковски и Крсте Велкоски.

СПИСОКОТ ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ПРОТИВ ИЗРАЕЛ И ПРОТИВ ЛЕТОНИЈА:

Се вчитува...