Влатко Стојановски со скината тетива, паузира најмалку осум месеци

Работнички до крајот на сезоната и на почетокот на идната останува без услугите на некогашниот репрезентативец Влатко Стојановски. Напаѓачот на „романтичарите“ во 50. секунда од вчерашното дерби против Вардар, заработи незгодна повреда без никаков дуел.

Првично беше дека го повредил коленото, но потоа стана јасно дека е во прашање тетивата. Станува збор за кинење на тетивата, со што се очекува да паузира најмалку осум месеци.

Ова е голем хендикеп за Работнички и за самиот Стојановски, кој во минатото беше дел од Ренова, Нимс, РК Сплит, Шамбли, Горица, Шкендија, Септември Софија. За Македонија има 10 настапи и два гола. Беше дел од репрезентацијата и на Европското првенство 2020 година, кое поради пандемијата се одржа година подоцна.

Се вчитува...