Влатко Стојановски официјално промовиран во дресот на Горица (ФОТО)

Македонскиот напаѓач, Влатко Стојановски и официјално промовиран во дресот на хрватскиот прволигаш Горица.

Стојановски откако неславно ја заврши француската одисеја во Ним каде воопшто не заигра, сега потпиша договор со Горица до 2024 година.

„Се чувствувам одлично. Мило ми е што дојдов во еден добро организиран клуб кој од година во година напредува и има големи амбиции. Хрватската лига е квалитетна и сигурно повеќе од доволен предизвик“ – изјави Стојановски на промоцијата во новиот дрес.

Стојановски и претходно во кариерата ги носеше дресовите на РНК Сплит и Дугополје во Хрватска. Претходно во кариерата има настапувано за Металург и Ренова во Македонија, а една сезона мина и на позајмица во францускиот второлигаш Шамбли.

Се вчитува...