Влатко Стојановски официјално промовиран во дресот на Ним (ФОТО)

Најдобриот стрелец во македонскиот шампионат изминатава сезона Влатко Стојановски и официјално е промовиран во дресот на францускиот прволигаш Ним.

22-годишниот Стојановски потпиша тригодишен договор со Французите, на најдобар можен начин заокружувајќи ја одличната сезона во редовите на Ренова.

Целокупниот трансфер на Стојановски во Ним изнесува 1,5 милиони евра, а Ренова ќе добие 300.000 евра како отштета за заминувањето на офанзивецот.

Се вчитува...