Влатко Стојановски стрелец за Горица (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски го запиша својот втор погодок сезонава во хрватскиот шампионат.

Во 28. коло од Првата лига на Хрватска, Горица има предност од 0-1 на гостувањето против Шибеник благодарение токму на голот на Стојановски. Македонскиот офанзивец спретно се снајде пред голот на домашните, од неколку метри сместувајќи ја топката во мрежата.

Голот на Влатко Стојановски може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...