Влатко Стојановски стрелец за Ним во Лига купот на Франција

Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски дојде до вториот гол за Ним во Лига Купот на Франција. Тој го постигна единствениот гол за Ним во поразот против Сент Етјен (1-2).

Напаѓачот погоди во 67. минута и намали на 1-2. Тој одлично реагираше во противничкиот шеснаесетник и успеа да го совлада противничкиот голман Жеси Мулин.

 

 

Се вчитува...