Влатко Стојановски успешно опериран

Работнички скапо ја плати последната победа над Вардар, ако се земе во предвид тешката повреда што Влатко Стојановски ја заработи на самиот почеток од оваа градска пресметка на Националната арена „Тодор Проески“.

Деталните прегледи покажаа дека станува збор за најтешката можна повреда, кинење на тетивата, а врз Стојановски денеска беше извршен и успешен хируршки зафат, по што по извесен период тој ќе може да почне со рехабилитациска програма.

„Напаѓачот на Работнички, Влатко Стојановски, денеска е опериран по повредата на Ахиловата тетива на натпреварот против Вардар. Хируршкиот зафат успешно го изведе д-р Несторовски во Градската општа болница „8 Септември“. 🫵 Влатче, ти посакуваме брзо опоравување и те чекаме да ни се вратиш на терен… 💪, објави ФК Работнички. 

Се вчитува...