Влатко Стојановски во фокусот во Франција: Не доби „чист пенал“ на дебито за Ним

Македонскиот интернационалец Влатко Стојановски дебитираше за Ним на синоќешниот меч против Ница (1-2) во второто коло од францускиот шампионат и веднаш се најде во фокусот во Франција. По негова акција не беше досуден пенал за домашниот тим, откако еден фудбалер на Ница играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Овој превид на судијата можеби го чинеше Ним и пораз.

Влатко Стојановски влезе во игра во 68.минута на местото на Харис Дуљевиќ и имаше забележителен настап во дебито со францускиот прволигаш.

 

Се вчитува...